За Нас

За Нас

Вила Гора 1

ВИЛА ГОРА е реномиран угостителски објект во Крушево кој својата дејност ја обавува од 2005 година. Располага со 10 двокреветни, трикреветни и четирикреветни соби, ресторан и друштвени простории. Сместена во хотелската зона, на самиот раб на боровата шума во близина на крушевската корија, ВИЛА ГОРА на своите гости им нуди удобно сместување и исхрана и лесен пристап со автомобил до сопствен паркинг; целосна опуштеност во урбаната, а сепак природна средина, но и активен одмор во слободните часови, зашто на дофат се многубројните културно-историски знаменитости со кои Крушево изобилува, како и природните реткости во блиската околина кои нудат незаборавни прошетки, спорт, рекреација.

Вила Гора 2

Тимот на Вила Гора не застанува, па на ваше задоволство и на нова локација отвара потполно нов објект Вила Гора 2. Вила Гора 2 се наоѓа на 100м од Вила Гора и располага со 8 двокреветни, трикреветни и четирикреветни соби, прекрасен дневен престој и сопствен паркинг. Повелете во Крушево, во највисокиот град на балканот и Вила Гора ќе Ви понуди удобно сместување, како и професионална и соодветна услуга, притоа нудејќи разновидност на природни убавини кои ќе го направат Вашиот престој исплатлив. Комфорот и професионалноста ќе ја заслужат вашата доверба па со нетрпение ќе го очекуваме вашиот следен престој.