ВИЛА ГОРА е реномиран угостителски објект во Крушево кој својата дејност ја
обавува од 2005 година. Располага со 10 двокреветни, трикреветни и четирикреветни
соби, ресторан и друштвени простории. Сместена во хотелската зона, на самиот раб
на боровата шума во близина на крушевската корија, ВИЛА ГОРА на своите гости им
нуди удобно сместување и исхрана и лесен пристап со автомобил до сопствен паркинг;
целосна опуштеност во урбаната, а сепак природна средина, но и активен одмор во
слободните часови, зашто на дофат се многубројните културно-историски знаменитости
со кои Крушево изобилува, како и природните реткости во блиската околина кои
нудат незаборавни прошетки, спорт, рекреација.